19

apr

2018

Верувам веќе знаете дека мојата нова книга со наслов „Најдобрата одмазда од сите е СРЕЌАТА“ е во книжарниците. Книгата е наменета на луѓето кои сакаат исклучиво да се занимаваат со својата среќа и да се растоварат од сѐ што носат од минатото, да ги залечат своите рани, да дозволат да „отпаднат лушпите“ и среќно и растоварено да живеат сега и овде додека одат кон својата светла иднина. Во книгата се наоѓаат бројни ефектни методи, низ кои ве водам чекор по чекор а тоа се испробани методи што мене ми користеа да го направам својот живот прекрасен. Освен тоа, има и по некоја моја лична приказна да ја разбуди вашата храброст и да ви биде инспирација. Специјално за вас подготвив премиерна работилница според книгата, на која ќе имате можност да добиете потпишан примерок и со мене да ги поминете сите вежби. Поради големиот интерес, работилницата ќе биде одржана на 25 април 2018 година во прекрасниот простор на хотелот Бест Вестерн од 18 часот.
 
Вас ве има неколку илјади, а премиерната работилница има ограничен број места. Бидете еден од најбрзите, поведете со себе некој кој ви е драг и се гледаме наскоро.
 
Сѐ што треба да направите е да се пријавите на tanyadimovska@yahoo.com, Татјана ќе ви прати податоци за уплата на котизацијата со која ќе го резервирате своето место, имате можност да присуствувате на една извонредна работилница по која ништо веќе нема да биде исто, плус добивате подарок потпишана книга која во книжарниците чини 499 денари. Освен што е одлична можност да поминеме една вечер заедно, ќе има и изненадувања, и сето тоа само за 1200 денари. Ова е исклучителна можност, искористете ја веднаш!
 
За ваше добро,
 
од срце ❤️
 
Славица